Битола ќе добие централно греење за 55.000 потрошувачи

Bez autora
May 23 2011

Долгоочекуваниот проект за изградба на топлификациски систем за централно греење во градот Битола и во соседните општини Новаци и Могила, конечно, треба да се реализира во следните четири години. На овој начин би се обезбедила топлинска енергија за греење на околу 55.000 потрошувачи во општината Битола и тоа во колективните и станбените згради, индивидуални куќи, училишта, болници, административни згради и индустриски капацитети. За определени сегменти од проектот ќе се разгледа и моделот на јавно-приватно партнерство. За реализација на овој проект ќе бидат потребни од 35 до 40 милиони евра, а средствата ќе ги обезбедат ЕЛЕМ, општините Битола, Новаци и Могила, но доколку има можност ќе се користат и европски фондови наменети за зголемување на енергетската ефикасност.

Битола ќе добие централно греење за 55.000 потрошувачиДолгоочекуваниот проект за изградба на топлификациски систем за централно греење во градот Битола и во соседните општини Новаци и Могила, конечно, треба да се реализира во следните четири години.

На овој начин би се обезбедила топлинска енергија за греење на околу 55.000 потрошувачи во општината Битола и тоа во колективните и станбените згради, индивидуални куќи, училишта, болници, административни згради и индустриски капацитети. За определени сегменти од проектот ќе се разгледа и моделот на јавно-приватно партнерство.

За реализација на овој проект ќе бидат потребни од 35 до 40 милиони евра, а средствата ќе ги обезбедат ЕЛЕМ, општините Битола, Новаци и Могила, но доколку има можност ќе се користат и европски фондови наменети за зголемување на енергетската ефикасност.

Се работи за интересен енергетски проект со кој преку користење на отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола и со реконструкција на топлинските системи ќе се реализира изградба на магистрален топлински вод во должина од околу 12,5 километри од РЕК Битола до градот Битола.

Според Владимир Талески, градоначалник на оштина Битола, се работи за голем проект за кој општината веќе подолго време се подготвува да го реализира бидејќи ќе донесе голем бенефит за граѓаните.

- Топлинската енергија ќе се создава со работењето на РЕК Битола, а стручњаците тоа ќе го реализираат на соодветен начин. Затоа проектот може да се реализира само со помош на ЕЛЕМ и Владата - смета Талески.

Тој појаснува дека во многу земји од соседството Србија и Грција веќе се користи пареата, што ја испуштаат термоцентралите, како топлинска. Според него, стручниот тим од општината го подготвуваат планот за овој проект, но се уште не знае за колкава финансиска конструкција се работи.

Талески потсети дека како дел од гасификацијата на Македонија и Битола како град треба да стане дел од оваа гасификациска мрежа.

Истовремено, со овој проект ќе стартува и модернизацијата на постојната примарна и секундарна топлинска мрежа, за да се овозможи дел од енергијата која се произведува во РЕК Битола да се користи за греење на домаќинствата и индустриските капацитети.

Дел од оваа топлинска енергија може да се користи и за греење на земјоделски површини и оранжериско производство во еден од најземјоделските краеви во земјава -Пелагонија.

Проектот зазема едно од централните места во Манифестот за реформи и развој за периодот од 2011 до 2015 година што го подготви ВМРО-ДПМНЕ и е наменет за развој на енергетскиот сектор во земјава.

Локалната власт смета дека со овој пороект дополнително би се отворила можност не само за нови инвестиции, туку и за вработувања, посебно во општините Могила и Новаци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik